23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ѓукановиќ повторно се заканува: Ќе ја браниме Црна Гора и од ШУМА АКО МОРАМЕ

Црногоскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјавил дека ако е потребно, ќе ја брани Црна Гора и од шума, како што тоа го правеле нивните претци.

– Ќе ја браниме со сите сретства, како што реков, од шуми, нема да се разликуваме во однос на нашите претци. Како Црна Гора се одбранила во предходните векови, од каде Црна Гора е десет вековна држава? Таа не е бранета во парламент, туку со оружје, во шума – рекол Ѓукановиќ.

Тој навед дека денешната политичка реалност “не се разликува многу“ од онаа на почеток на 90-те години на минатиот век и оценил дека “политички е слеп“ оној кој не гледа “дека на некој начин, се рестартира националистичка политика“ од тоа време.

– Ќе ве потсетам, и тогаш кажав и тогаш тргна со идеа да се штитат интересите на загрозениот српски народ во други држави. Заштита за наводно загрозениот српски народ во Црна Гора подразбираше рушење на суверенитетот на црногорката држва и мешање во нејзиниот внатреен политички живот – рекол Ѓукановиќ

– Ние и понатаму ќе бидеме силна одбрана, сега како најсилна опзициска партија во црногорскиот парламент. Власт се бира на слободни избори. Граѓаните по сопствена желба сакале ваква власт и ја имаат, и ние тоа го почитуваме…

Тој рекол дека е задоволен што новото парламентарно мнозинство во Црна Гора нема да го менува надворешнополитичкиот курс и нема да се обидат да ја извадат од НАТО и дека ќе продолжат кон патот на ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести