Синоќа на одредени медиуми и на социјалните мрежи се појави информација дека екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се дала во бекство.
Јанкулоска утринава демантираше на фејсбук и напиша:
“Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството.”
Инаку, за потсетување вчера врховниот суд ја потврди затворската казна за екс министерката во траење од 4 години за случајот во јавноста познат како “Тенк”.
