Светскиот шампион Луис Хамилтон идниот викенд во Сочи ќе има можност да го стигне големиот Михаел Шумахер по број на победи во Формула 1 шампионатот. Хамилтон ја почна кариерата во Ф1 во 2007 година во Мерцедес и во дебитантската сезона беше втор со само еден бод зад Финецот Кими Раиконен, а веќе следната го освои шампионатот.
Својата 90 победа ја оствари минатата недела во Муџело и со тоа се најде во систуација да го изедначи рекордот на Шумахер веќе идната недела.
„Не ми се верува. Очигледно привилегија е да бидам во позиција и да имам одлична екипа и возило. Им благодарам на луѓето кои продолжуваат напорно да работат. Јас сум само една карика во ланецот, но да се победува не е лесно кога имате одличен возач како Валтери Ботас кој ве турка нанапред и ве тера да се подобрувате“, го пофали Хамилтон својот тимски колега.