Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Трамп: До април ќе имаме доволно вакцини за сите Американци

Доналд Трамп вчера вети дека до крајот на годината ќе бидат произведени 100 милиони дози вакцина против ковид-19 и доволно за да се вакцинираат 330 милиони Американци до април 2021 година.

Ќе произведеме најмалку 100 милиони дози до крајот на годината, а потоа, најверојатно, многу повеќе, стотици милиони дози ќе бидат достапни секој месец и ќе имаме доволно вакцини за сите Американци до април, рече американскиот претседател на прес-конференцијата во Белата куќа , со оптимизам во однос на резултатите од клиничките испитувања на експерименталната вакцина.

Тој не прецизира кои производители ќе можат да ги испорачаат тие количини, но две компании, Модерна и Фајзер, се во третата активна фаза на клиничките испитувања на нивните експериментални вакцини. Првите очекуваат резултати во ноември, а вторите во октомври.

Двете компании потпишаа договор со американската влада за испорака на стотици милиони дози, па американските здравствени власти започнаа со подготовки за да можат да ги складираат и да ги испорачаат првите пратки уште во октомври, 24 часа по одобрувањето на вакцината од Агенцијата за лекови (FDA)

Вакцината ќе се дава двапати, со растојание од три до четири недели.

Достапноста на вакцината во САД е важна тема на претседателската трка на 3 ноември во која демократскиот кандидат Џо Бајден рече дека не му верува на Доналд Трамп, нагласувајќи дека вакцината треба да биде одобрена само во согласност со строгите безбедносни стандарди.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...