Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средби на претседателот Пендаровски со истакнати поединци во Битола во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“

По неколку месечен прекин поради пандемијата на КОВИД-19, од вчера попладне во Битола, продолжува реализацијата на проектот „Лице в лице со Претседателот“. Во рамки на посетата на општината, претседателот Стево Пендаровски се сретна со истакнати поединци и со претставници на правни субјекти, коишто со својот талент и преку имплементација на своите идеи придонесуваат за развој на Битола, но и на општеството во целина.

Спојувајќи ги заедничките идеи, Никола Танчевски и Злате Велјановски го реализираат проектот за производство на нано био-полимер. Во разговор со претседателот Пендаровски, тие објаснија дека овој течен препарат може во голема мера да го намали аеро загадувањето.  Нано био-полимерот, како што посочи Танчевски ги апсорбира и ја спречува емисијата на честичките ПМ 2,5 и ПМ 10, коишто се создаваат при изведување на градежни работи, изградба на патишта или површински ископ на руда. Оваа иновација, компанијата Бизифај ја произведува од еколошки полимери од обновливи извори.

„Сечиј успех мора да се почитува и да се истакне. Но, кога само со наполнети 9 години некој поседува огромен талент, во тој случај неопходно е тој дар и соодветно да се вреднува“, потенцираше претседателот Пендаровски слушајќи ја изведбата на гајда на младиот битолчанец Теодор Грујоски. Теодор на годинешниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, во конкуренција од над 50 натпреварувачи на различна возраст, ја доби највисоката награда, гајдата на Пеце Атанасовски. Љубовта кон музиката, како што вели тој, ја наследил од неговиот дедо, а потоа и од татко му. Посетува нижо музичко училиште, а покрај на гајда Теодор свири и на пијано, кавал, тамбура и на хармоника.

Претседателот Пендаровски ја посети и работилницата на јутјуберот Марјанчо Атанасовски. Марјанчо од стари, неупотребливи апарати, изработува најразлични делови или пак комплетно функционални електронски апарати, овој процес го снима, а потоа видеата ги објавува на својот канал на Youtube. Hacktuber има околу 1,2 милиони следбеници, а видеата на Марјанчо досега вкупно имаат 207,5 милиони прегледи.

„Навистина сум изненаден како Марјанчо е помалку познат во својот роден град, во Битола, во споредба со неговата популарност во светот. Дополнително, фасциниран сум од трпеливоста и љубовта на Марјанчо кон електрониката“, рече претседателот Пендаровски на средбата со јутјуберот Марјанчо Атанасовски. 

Неодминлив дел од „Лице в лице со Претседателот“ и во Битола беше средбата со претставници на регионалните и локалните медиуми и со новинарите – дописници за националните медиуми. Разговарајќи за актуелните предизвици со коишто се соочуваат, новинарите ги истакнаа финансиските проблеми, како и намалувањето на дописничката мрежа. На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за медиумите и истакна дека е потребно да се подигне јавната свест за значењето на регионалните и локалните медиуми, со оглед на нивната улога и придонес за медиумската писменост, навремено и професионално информирање за средината од која доаѓаат.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ им овозможува на граѓаните од различни населени места во Северна Македонија да имаат можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и лично да му ги посочат проблемите, идеите за нивно надминување, предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и локалните успешни приказни кои честопати имаат значење за целата земја и надвор од нејзините граници.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Свет

Вечерва во Вашингтон се случуваат масовни тепачки на повеќе места низ градот, откако движењето АНТИФА нападна помали групи на поддржувачи на претседателот Трамп кои...