Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Иран повторно се закани дека ЌЕ СЕ ОДМАЗДИ ЗА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ГЕНЕРАЛОТ СУЛЕЈМАНИ

Командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Салами денеска се закани со одмазда кон сите што се вмешани во ликвидацијата на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Како што е објавени на интернет-страницата на Револуционерната гарда, Салами во пораката испратена до американскиот претседател Доналд Трамп најавува дека иранска одмазда поради „маченичката смрт“ на генералот ќе биде „очигледна, сериозна и реална“.

Претходно, Трамп се закани дека САД жестоко ќе одговорат на каков било обид на Иран да се одмазди за смртта на генерал Сулејман, истакнувајќи оти Вашингтон ќе возврати „илјадапати посилно“.

Изминатите денови се појавија наводи дека Иран планирал атентат врз америкаснката амбасадорка во Јужна Африка, Лана Маркс, но Салами ги демантираше таквите тврдења.

Дали мислите дека за маченичката смрт на својот брат ќе возвратиме така што ќе нападнеме амбасадор, која е жена? Ќе ги нападнеме оние кои имаа директна и индиректна улога. Треба да знаете дека на удар ќе се најде секој што имал улога во случувањето и ова е сериозна порака, истакна Салами во пораката до Трамп.

Иранскиот генерал Сулејмани беше убиен во јануари при напад со американски дрон во Багдад.

најчитани вести

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Балкан

На социјалните мрежи се појави видео од заљубен млад пар, кој според неофицијални информации е направен во една од кино салите во Србија. Момчето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...