Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на министерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република Н.Е. Карло Ромео. На средбата двајцата соговорници ја потенцираа одличната соработка не само помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, туку и генерално преку доглгогодишното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Италија.

Особено беше истакнат фактот дека во сферата на безбедноста таа заедничка соработка во изминативе неколку години беше уште повеќе интензивирана, како преку заеднички акции за сузбивање на криминал, така и преку овозможување на обуки и експертиза од италијанска страна за потребите на вработените во МВР на РСМ, придонесувајќи во континуираното унапредување на капацитетите на институцијата во целина. Министерот Спасовски му се заблагодари на Н.Е. Ромео за безрезервната поддршка од страна на Италија за нашиот пат кон ЕУ и НАТО, што е уште еден доказ за стратешкото партнерство меѓу двете земји.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...