Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Пандемијата стана ЗАКАНА ОД ВОЕНИ НЕМИРИ

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш предупреди дека пандемијата со Ковид-19 ги зголеми ризиците по мирот во светот.

– Тоа претставува голема закана од конфликт, поради што испраќам итен повик за глобален прекин на огнот, изјави Гутереш по повод 39-годишнината од Меѓународниот ден ана мирот, што се одбележува во светот секоја година на 21 септември.

Тој додаде дека мирот е „стремеж, што толку е силен колку и нашето убедување и толку траен колку ио нашата надеж“.

– Градењето на мирни, стабилни општества може да трае со децении, дури и со векови. Но, мирот може да биде нарушен од несовесни, разединувачки политики. Надвор од воените зони падемијата ги потенцира и експлоатира нееднаквостите од секаков вид, насочувајќи ги општествата и државите едни против други, наведе Гутереш.

Тој повика да се интензивираат напори за „да се донесе мир секаде каде има конфликти и каде има дипломатски капацитет за замолчување на оружјето“

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...