Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПАК ИСТА ФИНТА: Кумановчанец ќе плател 10.000 евра МИСЛЕЈЌИ ДЕКА ГИ СПАСУВА ЌЕРКАТА И ЗЕТОТ ОД ЗАТВОР

Кумановец (86) бил потенцијална жртва на изманик кој му барал пари за неговиот зет да не оди во затвор, поради наводна сообраќајна несреќа, информираше денеска СВР Куманово.

Изманикот му барал 35.000 евра за да не оди зет му во затвор, бидејќи во наводната сообраќајка животот го загубил малолетен мигрант. Осумдесет и шестгодишниот кумановец се согласил да плати 10.000 евра, но се јавил на ќерка си која го информирала дека лицето, се обидува да го измами.

Ќерката (54) на повозрасниот човек, вчера во 9:30 го пријавила случајот во СВР Куманово.

54-годишна жена од Куманово пријавила дека на 14-ти септември, годинава едно лице се обидело да го измами нејзиниот 86-годишен татко за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето се јавило на нејзиниот татко и го известило дека неговите ќерка и зет направиле сообраќајна незгода во која починал малолетник мигрант, по што од него побарале 35.000 евра за да не оди зет му во затвор. Според пријавеното, 86-годишникот прифатил да им даде 10.000 евра, а откако тргнал на договореното место за примопредавање на парите, се јавил на ќерка му која го информирала дека немале направено сообраќајна незгода и дека лицето се обидува да го измами, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Инаку ваквиот метод на измама се повторил неколку пати во последниве недели.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска...

Македонија

Христијан Мицкоски со особено внимание гледа на предвремените градоначалнички избори во Штип како последена сламка за спас. Во изминатите денови Мицкоски организираше неколку протести...

Македонија

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци најавува нова кандидатура на локалните избори кои ќе се одржат наредната година, но останува енигма дали тоа ќе...

Македонија

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана. Според нашите...