Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Онлајн наставата ќе почне на 1 октомври, НО ЗА ПРВАЧИЊАТА НЕ СЕ ЗНАЕ

Онлајн наставата ќе започне на 1. октомври, додека за наставата со физичко присуство се можни промени, доколку има влошување на епидемиолошката состојба, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во Собранието, кое треба да одлучува по измените и дополнувањата на законите за основно и средно образоввание.

Она што денеска го знаеме е дека планот на Владата е наставата да започне на 1 октомври. Но, започнувањето на учебната година зависи од епидемиолошката состојба. Да карикираме, ако на 25 септември имаме голем број заразени, да, ќе стартуваме со онјалн, но со физичко присуство од прво до трето одделение најверојатно ќе го преобмислиме. Ако имаме стабилна епидемиолошка состојба, одиме со планот којшто е подготвен, рече Царовска.

Со законските решенија кои денеска влегоа во собраниска седница, според Царовска, се уредува можноста влада со уредба да го утврдува почетокот и крајот на учебната година, траењето на училишниот час, начинот на организирање на наставата со далечинско учење или со физичко присуство, како и начинот на уредување на распустите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандмани со кои ќе побара Владата да обезбеди компјутери за секое дете или барем за оние кои се во социјален ризик за онлајн наставата, бидејќи, како што рече Благица Ласкоска основното и средното образование се задолжителни и тие се обврска на државата.

Министерката Царовска рече дека повеќе од 40.000 деца немаат ИТ уреди, но дека и покрај разговорите со МАСИТ и поголемите компании кои се занимаваат со набавка на ваква опрема, за 30 дена не може да се набави таа количина на компјутери.

Во меѓувреме, наставниците се уште се обучуваат за платформата за онлајн настава, по што таа ќе биде официјално тестирана, а до почетокот на учебата година ќе биде спремна.

На прес-конференцијата во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ласкоска ја праша власта и дали планира скрининг на наставниците од основното и средното образование.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...