Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Обраќање на претседателот Пендаровски на состанокот на високо ниво „SDG Moment 2020“ во рамки на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Почитувани екселенции,

Би сакал да му се заблагодарам на Генералниот секретар на ООН за организирањето на овогодишниот настан посветен на целите за одржлив развој.

Чест е да се биде дел од оваа дебата, која се случува во мошне значајно, но сепак неизвесно време. Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 има сериозно влијание не само врз економијата, туку ги промени и нашите животи и навики до непрепознатливост. Во денешно време, потребата да се фокусираме на одржлив развој е уште поитна, а оваа сложена задача бара координирани реформи и темелна промена на начинот на кој ги дизајнираме нашите општества.

Во 2015 година се обврзавме „да не оставиме никој зад нас“ и се согласивме да ја спроведеме Агендата 2030, усвоена од земјите-членки на ООН. Нашиот фокус е подобар живот за сите граѓани, а нашите национални напори за одржлив развој се исто така усогласени со нашата клучна надворешно-политичка цел – членство во Европската унија.

Проценката за брза интеграција на целите за одржлив развој спроведена во 2019 година покажа дека 83% од националните стратешки планови за развој се усогласени со целите за одржлив развој.

Приоритетни цели за 2019-2020 година за Северна Македонија се: да се стави крај на сиромаштијата; да се обезбеди инклузивно и правично, квалитетно образование; да се промовира инклузивен и одржлив економски раст и пристојни работни места за сите, да се преземат итни активности за борба против климатските промени, да се обезбеди пристап до правдата за сите и да се изградат ефикасни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа.

Климатските промени и натаму остануваат предизвик. На Самитот во Париз во декември 2015 година, Владата се обврза да ги намали емисиите од фосилни горива за дури 36% до 2030 година во споредба со основното сценарио.

Презедовме мерки за производство на чиста, достапна и безбедна енергија, вклучително и зголемена употреба на сончева енергија. Аерозагадувањето останува предизвик за Северна Македонија и бара долгорочен, системски пристап, инвестирање во позелена економија за позелена животна средина.

Еднаквоста пред законот е приоритет за нас. Посветени сме да продолжиме со структурните реформи, да ги зајакнеме владеењето на правото и судскиот систем на кои ќе им веруваат мнозинството граѓани.

Во јули 2020 година го презентиравме првиот Доброволен национален преглед кој ги отсликува достигнувањата од Агендата 2030 и ги идентификува следните чекори за забрзување на спроведувањето на целите за одржлив развој во преостанатата Декада на акција. При изготвувањето на овој документ, соработувавме и сме благодарни за придонесот на агенциите на ООН во Северна Македонија, младинските организации, граѓанското општество, академските установи и стопанските комори.

Одржливиот развој не е само дополнителен план за светот. Агендата 2030 е обврска за нашите и идните генерации целосно да го искористат човечкиот потенцијал и да размислат за наследството што ќе го оставиме зад нас.

Ви благодарам.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...