Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НАПРЕДНИ ЛОЗАРИ: Итно да се донесе закон за лозарство и грозје, ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ГРАБЕЖ

Здружението „Напредни лозари” бара итно донесување на закон за лозарство и грозје, со цел лозарите да се заштитат од, како што велат, грабежот што врз нив го вршат одредени преработувачки капацитети.

Ова е само еден од заклучоците донесени на синоќешниот состанок на регионалното здружение, кои се доставени до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до градоначалници, пратеници и други субјекти.

Со овој закон пред се треба да се обезбедат загарантирани откупни цени на грозјето, базирани  на реалната технолошка зрелост на секоја сорта, без можност за манипулација и под тие цени никој да не може да откупува, стои во еден од заклучоците.

Од Здружението бараат по завршувањето на гроздоберот, да се обесштетат сите лозари кои нема да успеат да го предадат грозјето на откупувачите, а проценката на штета да ја вршат претставници на Министерството и Здружението.

Се бара и ревизија за работењето на најголемата винарница во Кавадарци од приватизацијата досега и одземање на името бренд, бидејќи се незадоволни од количините кои се откупуваат и цените кои се нудат за грозјето.

Доколку нивните барања не добијат  законски рамки и гаранции, Собранието на Здружението ќе одлучува за понатамошните чекори на лозарите.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...