Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДАЛИ КАФЕТО МОЖЕ ДА ВЕ ОТРЕЗНИ – Еве го одговорот

Кога почнувате да пиете и нивото на алкохол во крвта се зголемува, се чувствувате возбудени и тој ефект трае околу еден час или два, но потоа доаѓа до пад и станувате уморни.

Кофеинот може да биде корисен овде затоа што ве „крева“  како противтежа на заморот предизвикан од алкохол.

Ова е причината зошто кафето често се служи после оброк за да се бори против поспаноста предизвикана од крвта што тече кон стомакот.

Но, само затоа што се чувствувате повнимателни поради кафето, не значи дека сте трезни. Сè уште има намалување на когнитивните функции, и тоа ќе престане само кога црниот дроб ќе го апсорбира целиот алкохол и ќе се распадне во телото. Кафето нема да го забрза тој процес.

Напротив, постојат студии кои покажуваат дека мешањето алкохол и кафе може да ги влоши работите.

Неодамнешна студија спроведена на американски студенти покажа дека сте изложени на поголем ризик од несреќи и повреди. Покрај тоа, можете да пиете повеќе алкохол поради кофеинот.

Ова се случува затоа што кафето го поништува заморот од алкохолот, а потоа мислите дека можете да пиете повеќе алкохол, а всушност сте во прилично алкохолизирана состојба.

Затоа, ако сте консумирале поголема количина алкохол, не посегнувајте по кафе, туку едноставно спијте добро, тоа е единственото решение што навистина делува.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...