Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Во цртаните на Дизни РЕЧИСИ ДА НЕМА МАЈКИ, во позадина се крие ПОТРЕСНА ПРИКАЗНА

Зошто хероите од нашите омилени цртани филмови немаат мајки или честопати се прикажани многу малку, одговорите ги дава продуцентот Дон Хан.

Дон Хан открива шокантна приказна од минатото на Волт Дизни, што може да се припише на неговите филмови во кои тој ги изоставува или не покажува мајки.

Кога ќе размислите за тоа, во филмовите на Дизни навистина често ги нема ликовите на мајката. Или ги снемува на почеток на филмот или воопшто не се споменуваат. Малата сирена, Убавицата, Аладин и многу други ликови се главните ликови и претставници на брендот Дизни. Заедничко за сите нив е дека не знаеме скоро ништо за нивните родители.

Интересно интервју дава продуцентот на Дизни,  Дон Хан, во кое тој ги презентира своите две теории за тоа зошто родителите, или поточно, ликот на мајката, ретко се појавуваат во филмовите на Дизни. Едната теорија доаѓа од практична гледна точка, додека другата теорија доаѓа од навистина трагична приказна од минатото на Волт Дизни.

– Една од причините е практична, бидејќи филмовите траат 80 или 90 минути, а филмовите на Дизни се за растење. Многу побрзо е ликовите да растат кога ќе им ги одземете родителите – истакнува Дон.

Има смисла. Се разбира, многу од бајките на кои се темелат филмовите вклучуваат смрт на нивните родители, а Дизни останува верен на оригиналниот материјал.

– Мајката на Бамби настрада, па тој мора да порасне сам. Бела има само татко, но тој се губи, па мора да зачекори во таа фаза на растење – објасни тој.

Сепак, следнава теорија за недостаток на мајчински ликови не е шокантна  и доаѓа од малку позната приказна за човекот што стои зад магијата на бројните цртани филмови и херои, за самиот Волт Дизни. Всушност, Хан објаснува дека Дизни купил куќа за неговите родители, а една од печките во неа не била целосно исправна.

– Момците од студиото морале да го поправат шпоретот, но кога се вселиле родителите од шпоретот протекол гас, а мајката на Дизни починала, а татко му завршил во болница.

Хан истакнува дека Дизни никогаш не зборувал за тоа, бидејќи тој лично се чувствувал одговорен за несреќата на неговите родители.

Додека објаснувањето на Хан изгледа целосно значајно, другите се прашуваат дали причината што Дизни и другите анимирани филмаџии не вклучуваат мајки е од многу потемна природа и со некоја, можеби дури и потсвесна, скриена порака

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...