2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Брозовиќ пред трансфер во ПСЖ со кој го урива хрватскиот рекорд!

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ е на чекор до трансфер што ќе го урне рекордот во хрватскиот фудбал. Како што пренесува „Вечерњи лист“, фудбалерот на Интер би можел да се пресели во Пари Сен Жермен за неверојатни 50 милиони евра.

Досега, хрватски рекордер кога е во прашање трансфер сума е Матео Ковачиќ, за кого Челзи минатото лето плати 45 милиони при трансферот од Реал (М).

Парижани и Интер се близу до договор за трансфер на играчот од средниот ред на „Паркот на принцовите“. Во моментов Брозовиќ заработува околу 3,5 милиони евра годишно во Интер, а ако дојде во Париз платата би му се искачила до 5 милиони евра по сезона.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести