Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Разбиен еден од најмоќните албански картели “Компанија Бело”(видео)

Внимателно координирана полициска операција во 10 земји разби албански организиран криминален синдикат, кој шверцувал кокаин од Јужна Америка во Европа.

Акцијата довела до апсење на 20 осомничени, соопшти полициската агенција на ЕУ.

Бандата, позната како „Компанија Бело“, била една од најактивните европски мрежи за криумчарење кокаин, наведе Европол, кој помогнал во координација на низа рации на стотина полицајци, што довело до апсење во петогодишната истрага која ја предводеле Италинаците.

Групата била невообичаена во масовната меѓународна трговија со дрога, по тоа што го контролирала секој аспект од синџирот на снабдување, од организирање на испораката на дрогата од Јужна Америка до дистрибуцијата низ Европа, рекол Јари Лиуку, директор на европскиот центар за тежок и организиран криминал во Европол.

Бандата дури го втиснала своето лого и логоата на другите криминални групи за кои увезувала дрога, на блокови кокаин што биле транспортирани во Европа и честопати дистрибуирани во автомобили со скриени оддели за да сокријат дрога и недозволена готовина.

Таа користела криминалци во кинеска организација за да им помогне во перењето приходи преку подземен преносен систем, наведува истрагата.

За време на петгодишната истрага, уште 84 членови на банда биле уапсени во Италија, Еквадор, Холандија, Велика Британија, Швајцарија и Германија.

За време на истрагата, полицијата запленила скоро четири тони кокаин и повеќе од 5,5 милиони евра во готово.

Осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога и убиства.

Извор: НоваМакедонија

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

До редакцијата на медиа.мк пред малку пристигна информација за спектакуларно апсење во Охрид , поточно на бензинската пумпа Окта. Според информациите со кои располагаме...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...