Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПЕТ СКОПЈАНИ КИДНАПИРАЛЕ ГОСТИВАРЕЦ, барале да им го препише скапоценото „Масерати“

Пет скопјани се осомничени дека киднапирале гостиварец, го нападнале и присилиле на нотар да потпише лажен купопродажен договор за својот автомобил.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик.

МВР соопшти дека на 8 септември околу 22 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, двајца од пријавените со патничко возило му го пресекле патот на 34 годишниот Б.М. од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Потоа им се приклучил уште еден од нив и сите заедно физички го нападнале гостиварецот, по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во село Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале.

„Прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот.

После тоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај село Желино. По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената.

На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а по претрес на две локации во Кондово приведен и С.И.“, соопшти МВР.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...