Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Ракот ќе има финансиски успешен ден, А РАКОТ ЌЕ ЗАПОЗНАЕ ИНТЕРЕСНА ЛИЧНОСТ

ОВЕН

Денот ви минува во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува и финансиска добивка. Во емотивна смисла имате потреба да доминирате над партнерот. Солидно здравје.

БИК

Самоуверени сте и влегувате во конфликти само за да докажете дека сте во право. Емотивно сте расположени за размена на нежности и убави зборови со другата половина. Прошетајте, опуштете се и подобрете го расположението.

БЛИЗНАЦИ

Работните проблеми никако не доаѓаат до крај што ве прави фрустрирани. Емоциите ви се разгоруваат, но поради љубомора може да дојдете до проблеми. Физички сте неактивни на сопствена штета.

РАК

Ви следува работен и финансиски успешен ден. Ќе бидете задоволни затоа што ви е јасно дека трудот ќе ви се исплати. Во емотивна смисла сте потонале и размислувате за минатото кое не може да го смените. Солидно здравје.

ЛАВ

Самодовербата поради работата никогаш не ви била пониска. Може да сметате на љубов и поддршка на партнерот во секој момент. Кожата е чувствителна.

ДЕВИЦА

Ова е поволен ден да се позанимавате со некои стари обврски и конечно да ги симнете од дневен ред. Во емотивна смисла сте незаинтересирани за било какви дружења или нови познанства. Солидно здравје.

ВАГА

Расположени сте за работа и сите цели ви делуваат достапно. Напнати сте, а своето нерасположение може да го пренесете и на партнерот. Проблеми со алергии и со хормони.

ШКОРПИЈА

Во тек е лош работен ден поради кој ќе се чувствувате максимално фрустрирано. Ќе имате впечаток дека не се помрднувате од иста точка. Денот е одличен за љубовна комуникација од таен тип. Синусите ви се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Денот е неповолен за комуникација и сообраќај, па пожелно е да бидете внимателни. Во емотивна смисла сте затворени и не сакате отворено да зборувате за своите емоции. Нервоза од минлив тип.

ЈАРЕЦ

Денот е неповолен за состаноци, па очекувајте дека некои ќе бидат одложени, а на одржаните нема да го постигнете она што го сакате. Ќе имате понуда да влезете во авантура, но ќе се предомислувате дали да ја искористите шансите или не. Чувствително грло.

ВОДОЛИЈА

Ова е одличен ден за јавен работен успех, особено ако работата има врска со закон или јавност. Расположени сте за љубов, гледање и комуникација со другата половина. Нема здравствени проблеми.

РИБИ

Максимало сте посветени на своите работни обврски и успеси. Одличен ден за ново познанство со потенцијален партнер кој би можеле да го запознаете преку работа. Во физичка смисла сте стабилни и јаки.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...