Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Димовски до Груби: Артан, не треба субвенции за вработување, СО ВАКОВ ХАОС ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ НИ ИЗБЕГААТ МЛАДИТЕ

Артан, не треба субвенции за вработување, зошто со ваков хаос во образованието секако сите нови генерации ќе избегаат да работат градежништво низ Австрија и Италија, реагираше Илија Димовски во својот постна Фејсбук додавајќи дека Македонија е последна држава која ќе го започне изборниот циклус.

  • Тотално сме на дното!
    После здравствениот систем, ни колабира и образовниот…
    Република Македонија е последна држава која ќе го започне својот образовен циклус и училишна година…
    Погледнете ги датумите кога веќе започна училишната година во земјите од регионот:
    – Хрватска 07.09.2020 година;
    – Србија 01.09.2020 година;
    – Бугарија 15.09.2020 година;
    – Косово 14.09.2020 година;
    – Албанија 14.09.2020 година;
    – Грција 07.09.2020 година (порано од вообичаено за да се надополни изгубеното);
    – Босна и Херцеговина 01.09./07.09.2020 година;
    – Словенија 01.09.2020 година;
    – Турција 31.08.2020 година (три недели порано од вообичаено);
    – Романија 14.09.2020 година.

Тој исто така ги наброја и чекорите кои според него треба да се превземат со цел успешно справување со настанатата ситуација.

Што треба да се превземе:
1. Одговорност на сите од Министерството за образование и образовните институции што не превземале мерки за навремено започнување на училишната година;
2. Да му се предложи на Премиерот Зоран Заев, кога веќе министерот нема никакво познавање и искуство од образовниот систем, барем заменик министерот што ќе го предложи да има стручно искуство и познавање од областа на образованието;
3. Итна собраниска седница со една точка на дневен ред: Состојбите во образованието, причините зошто не започна училишната година и предлог мерки за средување на хаосот во образованието;
4. Формирање на национална координативно тело (борд) за образование, составено од сите универзитети, синдикати и организации од областа на образованието, со поддршка на сите парламентарни партии, за превземање на сите неопходни мерки за средување на хаосот во образованието;
5. Одговорност за катастрофално ниското ниво на искористеност на средствата за капитални инвестиции од Буџетот оваа година (околу 35%) до сега, но и сите минати години;
6. Набавка на компјутер за секое дете (барем за оние од сиромашни и социјално загрозени семејства) и брза пр, напиша Димовски.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...