Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Даниел Елцберг: АСАНЖ НЕМА ДА ДОБИЕ ФЕР СУДЕЊЕ

Еден од најпознатите предизвикувачи на проблеми во историјата, Даниел Елцберг, сведочеше во корист на Џулијан Асанж пред судот во Лондон, кој одлучува за барањето на САД за екстрадиција на основачот на Викиликс.

89-годишниот Елцберг, кого многумина го сметаат за одговорен за ставање крај на војната во Виетнам затоа што во 1971 година ги објави таканаречените „документи на Пентагон“, преку видео врска рече дека по неколку состаноци со Асанж, заклучил дека ги делат истите аспирации, за да се расветли големиот недостаток на транспарентност, особено кога станува збор за воени прашања.

Тој рече дека испраќањата за војните во Авганистан и Ирак, објавени од Викиликс, покажуваат дека тортурата е нормализирана.

– Американската јавност итно мораше да открие што се прави рутински во нивно име и немаше друг начин да се разбере тоа освен со неовластено откривање на податоци за јавноста, изјави Елцберг.

Обвинителството на САД го обвини 49-годишниот Асанж за 17 точки за шпионажа и компјутерска злоупотреба во врска со објавувањето тајни американски воени документи од Викиликс пред 10 години, претежно за војните во Авганистан и Ирак.

Максималната казна што може да ја добие Асанж е 175 години затвор.

Слично на Асанж, на Елцберг му се судеше по 12 точки за шпионажа, откако на медиумите им даде 7.000 страници доверливи документи на американската армија.

Му се закануваше казна затвор до 115 години, но обвиненијата беа отфрлени во 1973 година поради незаконското постапување на кое беше подложен.

Елцберг, кој работеше и во Стејт департментот и во Пентагон, рече дека Асанж нема да може да ги оправда своите потези доколку биде испорачан во САД.

Тој додаде дека Асанж не може да добие фер судење во САД за она за што е обвинет дека го сторил.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...