Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

Власта на Заев си игра со здравјето и животите на граѓаните. Спротивно на насоките на Комисијата за заразни болести која препорача породилното отсуство да се продолжи до крајот на годината, Владата донесе одлука мајките да се вратат на работа порано. Со ова директно мајките се оставаат во ситуација да нема кој да се грижи за нивните деца, ако се има предвид дека согласно најавите на експертите тие не ги запишале децата во детските градинки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата истакнуваат дека дополнително согласно препораките на експертите државата не може да одговори во целост на потребните капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, а од друга страна бара нивните родители да се вратат на работа. Детските градинки и во ваква состојба се соочуваат со големи проблеми и здравствени предизвици, а после ваквата одлука на Владата ситуацијата може уште повеќе да ескалира.

Очигледно власта на Заев не само што не може да се справи со здравствениот аспект на кризата, туку не може да одговори и на предизвиците кои таа ги носи. Цели 6 месеци ги преспаа или беа фокусирани само на изборен поткуп и криминал, па сега со брзоплети одлуки спротивни на експертските мислења сакаат да прикажат најнова нормалност. ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги повлече овие непромислени одлуки и заедно со засегнатите, здравствените експерти и социолозите да донесе издржан план како ќе се одвива воспитно образовниот и згрижувачкиот процес на деца во предучилишна возраст, кога веќе тоа не го направи порано, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...