Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето, соопшти портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции. Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна“, кажа на прес конференцијата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.