Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Стоилковски: Рекламирање на ВМРО ДПМНЕ е транспарентно и законски

Со реакција за претресите на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се јавија од Вмро Дпмне, ви ја пренесуваме во целост:

Почитувани,
    Очигледна е паниката кај власта по реките народ кој што се излеаја вчера од незадоволство и против владеењето и трговијата со се што е свето за граѓаните од страна на оваа власт , па денеска политичкото обвинителство во ликот и делот на Вилма Русковска организира напад врз  медиуми, што го продаваат како некаква борба и  справување со корупцијата. 
Вистината е дека сето рекламирање на партијата ВМРО ДПМНЕ  е транспарентно и законски.
И се чудиме, како и зошто Вилма Русковска експресно реагира на повикот на СДСМ , а не реагира на очигледен криминал од СДСМ?
Пред цел месец реагиравме и обзнанивме дека на СДСМ во извештајот и недостасуваат стотици илјади евра за рекламирање.
Да потсетам во текот на  кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за рекламирање околу 27 илјади евра на ден што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра за реклами само за на социјалните мрежи.
Во извештајот  на СДСМ ги нема реално потрошените десетици илјади евра дневно, за еден ден рекламирање на социјални медиуми, СДСМ не ги пријавува а СДСМ  прикажува само 17 илјади евра потрошени за таа намена за цела кампања и нема истрага Русковска не реагира !
Се чудиме како и зошто Вилма Русковска не реагираше и се уште не реагира за скандалот, за очигледниот поткуп, за корупцијата, за врските на СДСМ и Зоран Заев со  Миодраг ДАКА, за што беше објавен  и снимен разговор; Русковска не реагира ниту сега кога тоа што го посочува ДАКА се реализира во Тетово за скандалот со Шик Јелак.  Шик Јелак се случува пред очи ама за тоа нема реакција од Вилма Русковска.
Русковска не реагира за ниеден скандал, отворен посочен сомнеж во јавноста, или по поднесоци од опозицијата за можен криминал во или поврзан со СДСМ.
Ова што сега се случува и се  врши врз медиумите  е чист случај на притисок и заплашување од партиското обвинителство на СДСМ против медиумите кои што известуваа и ги пренесуваа протестите на опозицијата и уште  пострашно, се  критички настроените медиуми против власта, што се наведува и во извештајот на Стејт департментот.
Ова е класичен удар врз медиумите. Упатуваме апел до соодветните медиумски институции, како АВМУ, како и до еснафските здруженија ЗНМ, МАН, Синдикатот на новинарите да го осудат овој напад врз медиумите и да го спречат натамошното девастирање и оддалечување на Македонија од демократските вредности.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...