Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЗО: Следната пандемија ЌЕ БИДЕ ПОЛОША ОД КОРОНАВИРУСОТ

Ако не научиме од коронавирусот и го примениме наученото во пракса со потребните ресурси и посветеност, следната пандемија, што сигурно ќе ја има, ќе биде многу повеќе опустошителна. Тоа се предупредува во извештај на Светската здравствена организација.

Авторите на извештајот, насловен „Неорганизиран свет“, истакнуваат дека сегашната пандемија Ковид-19 е доказ за „колективната неспособност“ да се спроведат во пракса мерки за спречување, подготвување и одговор , „да им се даде соодветен приоритетен карактер“.

Оваа година исто така беше нагласена и „ранливоста на економиите и социјалните системи кои се тесно поврзани“, како и јасните празнини во општествата и нациите во врска со нееднаквостите, додека коронавирусот „успева во неорганизиран свет“, се вели во документот.

Како заклучок, авторите на извештајот наведуваат дека пандемијата „јасно не потсети дека е невозможно да се потпреме на здравствената сигурност без социјално осигурување“.

Тие ги повикуваат земјите да градат стабилни системи, да преземат соодветни мерки и да се посветат на инвестиции за превенција, подготвувајќи се за „најлошото“ затоа што „никој нема да биде безбеден се додека не бидеме сите заедно“.

СЗО соопшти дека повеќе од 11 милијарди долари се инвестирани во справување со пандемијата, додека трошоците за мерките за превенција се само пет американски долари годишно по човек.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...