Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА ОД МОРБИДНА СЕКТА – Вршеле егзорцизам со мачење, длабоко во џунглата (ФОТО)

Тела на жртви на озлогласената секта Нова Божја светлина се пронајдени во масовна гробница во Панама, соопшти локалната полиција додавајќи дека истрагата се уште трае.

Телата биле пронајдени во близина на гробницата каде беа пронајдени седум тела во јануари годинава. Жртвите биле поврзани со секта за која се верува дека е опседната со егзорцизам.

Државниот обвинител Азаел Тугри рече дека гробницата се наоѓа во оддалечен дел од регионот Нгабе Бугл, до кој истражителите морале да пешачат дури 10 часа. Оддалечен е 350 километри од главниот град Панама Сити.

– Во овој момент не е можно да се одреди бројот на телата или полот на жртвите, рече Тугри.

Пред неколку дена полицијата го уапси наводниот водач на сектата Нова Божја светлина во врска со жртвите кои што ги пронајдоа во јануари.

Во тоа време, меѓу пронајдените тела има пронајдени остатоци од бремена жена, нејзините пет деца и тинејџер, а откритието немаше да се случи доколку полицијата не го дознаеше сето тоа од тројцата бегалци кои биле заробени од сектата.

Полицијата упаднала во седиштето на Новата Божја Светлина, каде открила ужасни сцени. Прво, тие ослободиле 15 затворени лица, а потоа во црквата пронашле гола жена опкружена со мачети и ножеви, а покрај неа ритуално заклана коза.

Полицијата тогаш соопшти дека членовите на сектата извршиле егзорцизам врз луѓе кои ги мачеле на различни начини.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...