Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

МЕДИА.мк дознава: Обвинителството тресе 5 фирми за сомнително рекламирање, претреси и во ДИК

Медиа.мк ексклузивно дознава дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претреси во 5 фирми кои се сопственици на сајтовите кои добиле огромни суми на пари, а за кои медиа.мк објави дека се формирани од блиски луѓе на раководството на Вмро Дпмне. Според нашите сознанија претрес е извршен и во просториите на Државната изборна комисија од каде се одземени голем број документи поврзани со финансирањето на сајтовите. До Министерството за внатрешни работи е испратена наредба за преземање на предистражни дејства со кои би се испитало изборното рекламирање за кое постоеја сомненија.

Дали Христијан Мицкоски како Претседател и шеф на републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребил парите кои државата ги одвоила за изборна кампања ќе покаже истрагата што ја отворија надлежните институции.

Дали порталите кои беа предмет на интерес воопшто функционирале во периодот пред избори и дали некој, освен ВМРО-ДПМНЕ, се рекламирал таму и по која цена го правел тоа, ќе мора да се утврди преку соработка на повеќе институции. Согласно регулативата, порталите не смеат да ги пумпаат цените за изборно рекламирање, а секоја нерезонска сума може да се толкува како директен грабеж на парите на граѓаните со оглед на фактот дека фактурите се исплаќаат од буџетот. Грабеж кој што е направен во согласност и со помош на партијата која што се рекламира.

Второ, ќе треба форензички да се провери сомнежот дали воопшто се објавени политичките реклами, односно импресиите кои се договорени.

Доколку средствата биле злоупотребени, тогаш на инволвираните им се закануваат сериозни санкции. Имено за кривично дело Измама, законот запретува казна затвор до три години. Во членот 247 се вели „Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување на факти или со прикривање факти ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на свој или туѓ имот, ќе се казни со парична казна илисо затвор до три години“.

Уште посериозни казни се запретени во членот 353 доколку се утврди дека постоела злоупотреба на службената положба и овластувањата. Законот предвидува казни од најмалку пет години, доколку станува збор за средства од буџетот.

Веќе пишувавме дека седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање за парламентарните избори.

Според фактурата што ни беше доставена порталите lady.mk, srekja.mk, gradina.mk, indigo.mk, visitskopje.mk, ekran.mk, biznisvesti.mk инкасирале 1 233 690 денари или околу 20 000 евра, пари од буџетот.

Кои се придобивките за ВМРО-ДПМНЕ од рекламирањето на lady.mk или srekja.mk е тешко да се процени, но едниот портал добил 3 000 , а другиот 2 000 евра.

Партијата и Мицкоски сеуште молчат и одбиваат да одговорат зошто одлучиле да се рекламира токму на овие, а не на некој други портали.

Повеќето од овие портали престануваат да објавуваат вести со денот на изборите, што е доволно индикативно и говори за нивните намери.

Останува државата да реагира по што ќе се знае дали ќе се остави да се чекаат следните избори за некој повторно да одлучи да префрла десетици илјади евра државни пари на портали кои функционираа само во кампања.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...