Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Во неизвесен финиш, Вардар загуби од Брест Мешков

Вардар во првото полувреме имаше два разлика заостанување во Белорусија. Се започна добро по нашиот тим. По пет минути игра со головите на Чупиќ и Гаџа, Вардар дојде до 1:2. Потоа следуваше серија на домаќинот, за максимални плус два, 5:3 во 10.минута. Со одличната игра на Вујин, Вардар се врати на егал, па така во 14.минута резултатот беше 5:5. Одличната серија на Ристовски, ,,црвено – црните” ја искористија, па така во 16.минута дојдоа и до предност од 5:6. По ова, следуваше период на добра игра на домаќинот, кој за жал по Вардар дојде и до максимални плус четири во 24.минута. Со два прекрасни гола на Вујин, Вардар се врати на минус два. Со оваа негатива и се замина на пауза, 12:10. Вујин во првиот дел беше одличен со четири погодоци, Јотиќ постигна два, а Ристовски имаше шест одбрани.

Брест Мешков на стартот од вториот дел стигна до четири гола позитива, најпрво Дисингер не успеа да го совлада расположениот Пешиќ, додека Скубе и Шкурински зголемија на 14:10. Шесттата одбрана на Ристовски и голот на Чупиќ од пенал не вратија во игра, за намалување на 14:12, резултат кој беше активен за вардарци на овој меч. Заигравме поцврсто во одбраната, Ристовски веќе ја забележа и осмата одбрана, додека со третиот гол на Чупиќ стигнавме и до нерешени 15:15 во 40 минута од натпреварот. Противничкиот тренер побара тај-маут, но и тоа не му помогна на неговиот тим. Вардар со серија од 0:6 и со головите на Дибиров и Дисингер успева да поведе за прв пат и со два гола разлика (15:17). Следеше период кога домаќинот се врати во игра и со два гола во серија го израмни резултатот на 18:18. Денес одлично бранеше Борко Ристовски, благодарение на неговата десетта одбрана и со головите на Чупиќ и Гаџа, Вардар повторно ја врати онаа предност од два гола (18:20) беше в0 51 минута од дуелот. Повторно Брест го израмни резултатот на 20:20, но Вујин со својот шестти гол донесе водство од 20:21. Брзо сакаше да врати домаќинот, но Ристовски одново брани за својата вкупно 11 одбрана. Следевме неизвесна завршница, на три минути пред крајот повторно резултатот беше израмнет. Во финишот подобро се снајде Брест Мешков кој славеше победа со резултат 24:22.

извор: http://vardarfans.mk/

најчитани вести

Македонија

Десната рака на Христијан Мицкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николовски, на последното гостување на ТВ Алфа, го обвини Зоран Заев дека е...

Македонија

Последените настани во односите помеѓу Македонија и Бугарија, заострената реторика на бугарските власти, навредите од Каракачанов и интервјуто на премиерот Зоран Заев, ги зголемија...

Свет

Бил Гејтс, милијардер, основач на „Мајкрософт“ и филантроп, ги сподели своите размислувања за иднината на глобалните пандемии во својот подкаст „Бил Гејтс и Рашид...

Забава

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ ги запали социјалните мрежи кога во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео додека се капе во запенета када....