6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

705 ЗАРАЗЕНИ ВО 33 ГРАДОВИ изминатата недела (ДЕТАЛИ)

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември 2020г, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. 

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија 7 -13.09.2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827,  бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6326, активни 540

• Куманово 1605, активни 190

• Дебар 268, активни 3

• Штип 1205, активни 72

• Прилеп 562, активни 133

• Тетово 1304, активни 117

• Струга 627, активни 63

• Велес 288, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 395, активни 58

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 856, активни 93

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 44

• Крива Паланка 83, активни 38

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 189, активни 53

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 30

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 29

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 19

• Кичево 290, активни 29

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

• Чаир – 53

• Гази Баба – 73

• Аеродром – 91

• Карпош – 67

• Центар – 71

• Кисела Вода – 56

• Ѓорче Петров – 22

• Бутел – 37

• Шуто Оризари – 12

• Студеничани – 10

• Сарај – 17

• Арачиново – 9

• Илинден – 10

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково – 1

• Странец – 3

• Нераспределен-0

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести