Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ШТО МИСЛИ ТРАМП ЗА „МИНИ ШЕНГЕН“

Специјалниот советник на американскиот претседател Ричард Гренел изјави дека администрацијата на претседателот Трамп ја сака идејата за „мини Шенген“ и сака сите да учествуваат во неа и токму затоа тоа било ставено во преговорите помеѓу Белград и Приштина.

– Затоа тоа го ставивме во овие преговори, за да видиме дека и Србија и Косово може да учествуваат во мини-Шенгенот. И навистина ни се допаѓа идејата, тоа е добра идеја за комерцијална соработка и градење мултилатерални организации засновани на профит и вработување, во борбата за капитализам, рече Гренел.

Тој вели дека им порачал на лидерите во регионот кои не се дел од ЕУ, дека постојат многу начини на кои можат да создадат работни места и пожива економија, токму затоа што не се дел од ЕУ.

– Правилата на БДП се многу ограничувачки за американските компании, па дури и за европските, за одредени истражувања и проекти. И му реков на претседателот Вучиќ да размисли директно за начините на кои Србија може да биде центар надвор од овие прописи за БДП и правилата на ЕУ, да го искористите фактот дека тие не се дел од ЕУ. Знам дека тие сакаат да бидат дел од Европската унија и тоа е долг процес, но додека чекаат, постои начин да го искористат тоа што го имаат во Европа, и тие имаат закони и правила кои се многу пофлексибилни и ги насочуваат кон претприемништво, Изјави Гренел за српското радио Чикаго.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...