Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Цел регион и се смее на Грција – ЕВЕ КАКВИ МАСКИ ДОБИЈА УЧЕНИЦИТЕ ОД ВЛАДАТА (ФОТО)

Гигантски маски, што им го покриваат целото лице, добија дел од учениците во Грција, во рамките на програмата на Владата за бесплатни маски во сите училишта во висина од шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи во Грција, родителите објавија фотографии од нивните деца со маските.

Доцна синоќа од Генералниот секретаријат за јавно здравје од Министерството за здравство на Грција, објаснија дека димензиите за изработката на маските биле одредени од надлежните комисии според меѓународните стандарди, меѓутоа, се однесувале на големина на ткаенината пред да се сошие, а не на крајната големина.

Формулацијата на оваа разлика меѓу почетната и крајната димензија не беше јасна, со резултат дел од дистрибуираните маски да бидат поголеми од предвиденото, соопштуваат од Секретаријатот за јавно здравје и додаваат дека точните димензии дополнително ќе бидат испратени до Централната унија на општини во Грција, која е надлежна за тендерот и снабдувањето со маски.

Од Централната унија на општини во Грција соопштија дека побарале да запре производството и одново да започне кога ќе ги добијат новите димензии.

На почетокот на месецов, министерот за внатрешни работи на Грција Такис Теодорикакос соопшти дека за бесплатните маски се одвоени шест милиони евра, а надлежна за набавката и доставувањето е Централната унија на општини во Грција.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...