Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора Петровиќ

Денеска во Министерството за внатрешни работи министeрот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со амбасадорот на Н.Е. Марија Петровиќ. 

Министерот Спасовски изрази благодарност за одличната соработка со Амбасадата на Црна Гора, како и со Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, потенцирајќи дека двете братски земји, во периодот што следи, со здружени сили ќе чекорат на патот кон интеграција во ЕУ.Амбасадорката на Црна Гора Петровиќ, пренесувајќи поздрави од  премиерот и од министерот за внатрешни работи на Црна Гора, упати честитки за добивањето на новиот мандат на министерот Спасовски, потенцирајќи дека успехот кој го постигна оваа Влада претставува мотивација за државата, која во регионален контекст е  пример за другите балкански земји, да продолжи по веќе определената патека. 

Министерот за внатрешни работи посочи дека Република Северна Македонија останува цврсто на заложбите за продолжување на патот кон ЕУ, а Министерството за внатрешни работи ќе  продолжи со реформските процеси кои дадоа позитивни резултати во насока на подобрување на условите за работа и капацитетите на полицијата, па приоритетите на МВР во иднина ќе бидат насочени кон борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, корупцијата и сајбер криминалот. Како што истакна Спасовски, Република Северна Македонија ќе продолжи да ги гради братските пријателски односи со Црна Гора, која со спроведените избори покажа дека поседува сериозен демократски капацитет. 

Според амбасадорката Петровиќ, набрзо се очекува формирањето на новиот парламент и новата влада во Црна Гора. Петровиќ потенцираше дека Црна Гора останува партнер на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ, изразувајќи надежи дека на крајот од овој мандат нашата земја веќе ќе биде рамноправна членка на ЕУ.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...