Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

СЕ ОГЛАСИ ЃУКАНОВИЌ: Изборите покажаа дека во Црна Гора има демократија

Неодамнешните парламентарни и локални избори го потврдија напредокот во демократскиот развој на црногорското општество и покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија, оцени денеска претседателот Мило Ѓукановиќ.

На својот профил на Твитер по повод Меѓународниот ден на демократијата, црногорскиот претседател оцени дека Црна Гора има обврска да продолжи да ги унапредува демократијата, слободата, еднаквоста, човековите права и владеењето на правото.

– За да се поттикне демократското учество, бидете транспарентни и одговорни. Неодамнешните избори го потврдија напредокот во демократскиот развој на црногорското општество. Тие покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија. И ја потврдија важноста за зајакнување на демократските институции, вклучително и капацитетот за зајакнување на отпорноста, во однос на бројните форми на манипулација и дезинформација, напиша Ѓукановиќ.

Тој исто така изјави дека само со, како што рече, целосно учество, одговорност и соработка, може да се зајакне довербата и напредокот кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност на секој поединец.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...