Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Бил Гејтс: ПАНДЕМИЈАТА НЕ ВРАТИ 20 ГОДИНИ НАЗАД

Пандемијата на коронавирусот запре 20 години напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, според основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Во извештајот објавен денес од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се вели дека сè заостанува скоро во секој показател во нивните обиди да ги исполнат целите на Обединетите нации за одржлив развој со цел да се стави крај на сиромаштијата и да се намали нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија е зголемена за седум проценти како резултат на пандемијата.

Покриеноста на вакцините, која го мери функционирањето на здравствените системи, падна на нивото што последен пат беше забележано во 90-тите години на минатиот век, носејќи го светот назад околу 25 години за 25 недели.

Податоците исто така покажуваат дека економските ефекти од пандемијата ги зајакнуваат нееднаквостите, особено кај жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија.

Гејтс за Би-Би-Си изјави дека очекува ефективната вакцина за Ковид-19 да биде готова до почетокот на 2021 година.

– Пандемијата предизвика големи проблеми со дистрибуцијата на храна и ги зголеми цените на храната, додаде Гејтс.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...