Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЈА ВЛЕЧЕЛ ПО ТРОТОАР ДОДЕКА Ѝ ГО СКИНАЛ ЛАНЕЦОТ ВРЕДЕН 2.000 ЕВРА: Притвор за битолски разбојник

Разбојник во Битола на сила соборил жена во обид да и земе златен ланец вреден 2.000 евра. Туј успеал во намерата, а по пријавата за насилството ОЈО Битола донела наредба за спроведување истражна постапка и предлог за притвор за насилникот.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 9 септември 2020 година во 18:45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине.

Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и  да го одземе со намера противправно да го присвои, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Судот го прифатил предлогот на ОЈО и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара влада на широка коалиција, нo досега јавно не соопшти како според него може да се надмине проблемот со Бугарија. Партиските...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...