Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СЕ СКАРАА МИЛИЈАРДЕРИТЕ: Илон Маск му порача на Бил Гејтс дека НЕМА ПОЈМА

Директорот на компаниите Спејс икс и Тесла, Илон Маск, го критикуваше милијардерот и филантроп Бил Гејтс заради неговите ставови за одржливоста на поголемите електрични возила, оценувајќи дека тој „нема идеја“.

Гејтс неодамна на својот блог изјави дека се надева дека подобрите и поевтини батерии ќе ги направат електричните возила вистинска опција за секој сопственик на автомобил, но тој рече дека се сомнева колку тековната или идната технологија на батерии може да напојува толку големи возила, Пренесува Business Insider.

– Дури и со големиот напредок во технологијата на батерии, електричните возила веројатно никогаш нема да бидат практично решение за возила со 18 тркала, товарни бродови и патнички авиони. Електричната енергија работи само кога треба да поминеме пократки растојанија, но ни треба различно решение за тешки возила на долги растојанија, рече Гејтс.

Гејтс пофали и неколку компании за производство на целосно електрични камиони, како што се „Џенерал моторс“, „Ривиан“, „Болингер“ и „Форд“, но не го спомна Тесла, кој го произведува камионот „Сајбертрак“.

На прашањето на еден корисник на Твитер што мисли за ставовите на Гејтс, Маск кратко одговори: „Тој нема појма“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...