Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Приведен дилер на дрога во гевгелиско ,пронајдени 60 стебла Cannabis Sativa

Секторот за внатрешни работи Струмица – Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. 

Во атарот на село Миравци, на  место викано „Лаго“ на три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле насади со стебла од растението Cannabis Sativa, а при увидoт било утврдено дека на три локации има 60 стебла од растението Cannabis Sativa. Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Cannabis Sativa. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација набрани од три стебла од растението Cannabis Sativa. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот. 

Пронајдените предмети биле одземени, а по добиениот извештај од вештачењето пријавениот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.  

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...