Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Мицкоски: Опозицијата е конструктивна

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Бизнис поенти на телевизија Алфа, порача дека опозицијата е конструктивна, повикувајќи ја и власта да биде конструктивна и да не забегува во удопствата кои што мисли дека во моментот ги ужива, бидејќи како што рече тој веќе два месеца не може да имаат функционален парламент, а богами ако продолжат вака ќе немаат ниту функционални улици.

„Очекуваме не само опозицијата да биде конструктивна пошто ние имам деструктивна власт мафијашка власт. Цениме дека треба и власта да покаже определена конструктивност во насока на минување на овој тежок период пост би рекол пандемиски. Но, и за време на пандемијата бидејќи гледаме дека пандемијата не завршена. Ние имавме на 30 заболени вонредна состојба, а на 100 практично тотален хаос и неразбирање од страна на власта, вели Мицкоски.

Така што сето она кое е од интерес на граѓаните, а без разлика дали доаѓа од власта или доаѓа од опозицијата ние ќе го поддржиме или пак од другите опозициони партии. Ги повикуваме владата да биде конструктивна да не забегува во удопствата кои што мисли привидно дека ужива бидејќи веќе два месеца не може да имаат функционален парламент, а богами ако продолжат вака ќе немаат ниту функционални улици, порача Мицкоски.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...

Македонија

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната...