Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Македонците во првата половина од годинава ПОТРОШИЛЕ 69,4 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕ

Во првата половина од годинава граѓаните со домашни платежни картички потрошиле 69,4 милиони евра кон македонски компании кои продаваат онлајн во земјава што споредено со истиот период лани е раст од 113,5 проценти, покажуваат податоците на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Ова, како што оценија денеска од Асоцијацијата, е податок што доволно говори за трендот „е-трговија” и треба да служи како мотивација за бизнисите да го искористат овој модул и да се префрлат кон онлајн наплата. Покрај тоа што ќе имаат можност побрзо да се адаптираат на промените од Ковид-19 и да се здобијат со нови купувачи и пазари, тие со е-плаќањето ќе ги автоматизираат процесите и директно ќе придонесат кон намалувањето на сивата економија.

Во период на зголемено онлајн купување кога бројките од податоците на Народната банка покажуваат 36 проценти раст на онлајн трансакциите и драстично зголемување на нови е-продавници во нашата држава, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија велат дека продолжуваат со едукација на сите оние кои што сакаат да се запознаат со е-трговијата преку веб платформата ecommerce4all.mk преку лансирање на модулот за е-плаќање.

Модулот ги содржи сите информации за е-плаќање на едно место, каде детално е објаснет процесот на една онлајн трансакција со што се укажува на безбедноста на целиот процес, но прикажани се и понудата и можностите кои се нудат од домашните банки за имплементација на онлајн плаќање.

При мапирање на проблемите за развој на е-трговијата, како еден од проблемите кој се појави беше и недоволна информираност за можностите кои се нудат при имплементација на платежен процесор во Република Македонија. Земајќи го ова во предвид, како и зголемениот број на трансакции кои се прават преку интернет лансиравме нов модул на бесплатната едукативна платформа кој има за цел да ги запознае сите граѓани за безбедноста при онлајн купување од една страна, но и да ги информира бизнисите за процесот и понудата за ипмлементирање на е-плаќање од друга страна, велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Тие преку интернет платформата „ecommerce4all.mk” едуцираат за безбедно и легално онлајн продавање и купување, намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници. Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...