Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Ефтов: Главниот мотив Мицкоски да не ја прифати одговорноста за поразот се парите !


„Многу страв и малку харизма“ е главната карактеристика со која што Ефтов го опишува Мицкоски во последната емисија „Во центар“. Ефтов смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да победи со Мицкоски на избори, а неговото задржување на претседателската функција само ќе ја влече надолу партијата.

Таквиот развој на настаните, според Ефтов највеќе му одговара на Орце Камчев кој ќе може да се пазари со СДСМ за сопствената иднина. Токму Орце Камчев и Наташа Савова во анализата на Ефтов се наведуваат како главните стратези на Мицкоски и за изборната кампања и за протестите кои постизборно ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Ефтов прави паралела со протестите организирани од Бранко Црвенковски и заклучува дека сега е само заменета белата лада со мерцедес кабриолет.

Главниот мотив на Мицкоски да не сака да ја прифати одговорноста и да си замине, според Ефтов се парите. Имено по негови информации во изминативе две до три години, по разни канали во ВМРО-ДПМНЕ се влезени околу 12 милиони евра. Во таква ситуација Ефтов заклучува дека е нерационално да се очекува Мицкоски да се повлече и да работи како професор за плата од 40-50 000 денари.

Ефтов заклучува дека Мицкоски е осамен, исплашен и истрошен политичар, а неговото заминување е прашање на време. Една варијанта е да замине после локалните избори во Штип и да не ги дочека идните локални избори или да успее да се одржи па да замине после поразот на локалните избори во 2021 година.

Погледнете ја целата анализа на Ефтов:

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...