Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Германија НЕМА ШТО ДА ИМ ПРАВИ НА МАСКИТЕ И РЕСПИРАТОРИТЕ

Германските магацини се преполни со складирана медицинска опрема набавена во паника по избувнувањето на пандемијата, и на која се потрошени огромни суми пари, а сега единственото решение е да се донира опремата, пишува Дојче веле, додавајќи дека веќе нема голем интерес на пазарот.

На почетокот на годината, германското федерално Министерство за здравство нарача над 26.000 респиратори и на тој начин имаше за цел да го удвои бројот на кревети за интензивна нега опремени со овие уреди, сепак, постојните капацитети не беа ни приближно исполнети.

Како што е наведено, околу еден месец по избувнувањето на пандемијата, првите приватни клиники целосно ги отстраниле таканаречените ковид станици затоа што не им се исплатеше да ги задржат малиот број на пациенти, а болниците брзо се вратија во редовниот режим со извршување на претходно одложени операции.

Околу 200 респиратори беа донирани на Франција, Италија и Шпанија, а вкупно 334 на Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Слично е со маските од кои беа распределени 278 милиони, меѓу другото, и на балканските држави.

Според Министерството за здравство, до крајот на следната година во Германија ќе пристигнат уште 4,2 милијарди хируршки маски и 1,7 милијарди филтер маски.

Додека во март и април имаше недостиг на средства за дезинфекција и маски за еднократна употреба, цената на една маска често го надминуваше еврото, а денес тие можат да се најдат насекаде во големи пакувања за околу четириесет центи по парче.

Критичарите го обвинуваат министерот за здравство Јенс Спан за брзото трошење на стотици милиони евра.

Се додава дека одобрението за тој трошок го даде Министерството за финансии без многу размислување, иако во март и април, цените експлодираа поради глобалната побарувачка, пишува Дојче веле.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...