Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Васко Ефтов го разобличи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е со ограничени интелектуални, политички и психолошки капацитети !

„Христијан Мицкоски не може да биде решение за агонијата во која што се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тој е генератор и стимулатор на таа агонија“, заклучува Васко Ефтов во неговата последна анализа во емисијата во Центар.

Ефтов вели дека е изненаден од недостоинствениот начин на кој што функционира Мицкоски, а како пример за тоа го наведува скандалозното однесување на денот на избори кога за прв пат во историјата на независна Македонија , лидер на политичка партија не излегол да им честита на противниците за изборната победа и да им се заблагодари на своите сопартијци за дадената поддршка. Наместо тоа, според Ефтов, Мицкоски смислувал апсурдни оправдувања и се вадел на Беса, а нема образложение зошто не победил во ИЕ 4 каде што натпреварот е директно меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ефтов смета дека Мицкоски е без лидерски капацитет и со целосно промашена политичка стратегија. Почесно би било да понесе одговорност како Георгиевски и Груевски кои си заминале после првиот пораз, наместо да најавува некаква победа на рати, смета Ефтов.

Одлуката да оди како „шпицен“ кандидат, според Ефтов била мотивирана од стравот на Мицкоски од пораз бидејќи не го гласале ниту во неговото маало.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...