Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Абазовиќ: Мило Ѓукановиќ НЕ САКА ДОБРОВОЛНО ДА ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА

Дритан Абазовиќ, водачот на движењето УРА, е во центарот на вниманието по парламентарните избори во Црна Гора, не само во домашните и регионалните, туку и во светските медиуми.

Во разговор со германскиот неделник Шпигел, тој откри дека е под полициска заштита поради невидениот притисок што го трпи по изборите.

На прашањето за протестниот митинг пред неговата куќа во Улцињ, Абазовиќ одговори:

– Не бев таму таа вечер. Кога дознав за тоа, прво реков на шега: луѓето дошле да ме поддржат. Вистината е, има голем притисок врз мене, јас во моментов сум под полициска заштита, рече тој и додаде:

– Знам дека има многу луѓе кои можат да ми направат нешто, но не се плашам. Заканите се цената што ја плаќаме како политичари. И тие се исто така логични во сегашната ситуација, ако земете во предвид една работа: по овој резултат на изборите, има многу многу луѓе кои можат да изгубат многу.

Тој додаде дека Мило Ѓукановиќ и неговиот ДПС претрпеа големи загуби на изборите на 30 август.

– По три децении „Мило-систем“, државата се соочува со фундаментална политичка промена. Трите изборни сојузи имаат мало мнозинство во парламентот и сакаат да владеат заедно, пишува „Шпигел“ во воведот, но исто така го посочува и проблемот – Овие сојузи се политички крајно хетерогени, почнувајќи од српски националисти и пријатели на Путин до социјално либерални зелени.

Дритан Абазовиќ е лидер на најмалиот од овие три сојузи, либерално-зелената коалиција Црно-бело. Таа на изборите освои 5,5 проценти од гласовите. Според „Шпигел“, се верува дека овој сојуз ги работите наопаку.

– За прв пат во историјата на нашата земја, имаше политичка промена на изборите, и покрај сите манипулации. Граѓаните гласаа против автократскиот систем во кој претседателот Мило Ѓукановиќ, неговото семејство и уште неколку други лица ја третираа земјата и ја искористија како нивна приватна сопственост.

На заклучокот дека во западната политика и дипломатија, на Ѓукановиќ не се гледа како на проблематичен, туку барем како на западен политичар, Абазовиќ вели дека Ѓукановиќ само тврдел дека е прозападен, односно дека тој никогаш не се залагал за вистински демократски вредности на Западот.

– Постои концепт на стабилократија. Некои политичари во ЕУ ги гледаат автократите на Западен Балкан како гаранти на стабилноста. Тоа е голема грешка. Вистинска демократизација не можат да постигнат стабилократи како Ѓукановиќ. Наместо силни лидери, ЕУ треба да поддржува силни демократски институции. Ѓукановиќ го прошири впечатокот  во ЕУ дека без него може да има само апокалипса во Црна Гора. Сакам да ја убедам Европа дека тоа не е точно, рече тој.

На прашањето дали тоа значи дека Ѓукановиќ нема доброволно да се откаже од власта, Абазовиќ рече:

– Мојот впечаток е не – или барем не толку лесно, вели Абазовиќ, но додава дека се надева дека нема да има немири.

– Минатата недела имаше напади врз муслимански институции. Не е јасно кои се сторителите. Мислам дека само една политичка сила е заинтересирана за вакви инциденти – тоа се Ѓукановиќ и неговата партија, заклучи Абазовиќ.

Абазовиќ вели дека трите коалиции кои сега имаат тесно парламентарно мнозинство ќе можат да владеат заедно, со оглед на тоа што се крајно различни.

– Да, тоа е можно затоа што сме во претполитичка фаза. Никогаш немавме суштински промени. Во Црна Гора не станува збор за промена на политичката програма, туку за крај на автократијата и патот кон демократска иднина.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.