Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Јувентус должи дури 385 милиони евра, а само лани минусот е 71 милион евра

Италијанскиот шампион Јувентус ја објави финансиската состојба која не е поволна. Управниот одбор на клубот објави дека минусот за минатата година е 71,4 милиони евра, а според извештајот најмногу на тоа влијаела пандемијата на коронавирусот.

А овој минус од 71,4 милиони евра, е за 31,5 милиони евра поголем од сезоната 2018/19.

Заклучно со јуни оваа година, Јувентус долгува дури 385 милиони евра. Јасно е дека торинскиот гигант не се наоѓа во добра финансиска состојба, а ако не најде начин како да го намали овој долг може да му се случи крах.

А и покрај сите тие финансиски проблеми, Јувентус од година во година доминира во Италија и добро се бори во Лигата на шампионите каде што редовно стигнува до нокаут фазата.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.