Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

(ФОТО+ВИДЕО) ХАОС ВО САД: Бројот на починати не е познат, Трамп ОДИ ИТНО НА ТЕРЕН

За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку 25 лица и изгоре подрачје со големина на Њу Џерси.

Пожарите што горат на западниот брег на САД принудија десетици илјади жители на американската сојузна држава Орегон да ги напуштат своите домови, а вкупно половина милион се под наредба за евакуација.

За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку 25 лица и изгоре подрачје со големина на Њу Џерси.

Најмалку осум лица починаа во Орегон, а гувернерката Кејт Браун предупреди дека бројот на жртви може да биде далеку поголем, имајќи предвид дека десетици луѓе се водат како исчезнати во три окрузи.

Во Калифорнија, Орегон и Вашингтон горат пожари, кои беа предизвикани за време на прославата на Денот на трудот, а квалитетот на воздухот значително се влоши поради пепелта.

На пожарникарите во Калифорнија и Орегон сепак би можело да им помогнат нешто подобрите временски услови – послаби ветрови и зголемена влажност на воздухот.

– Ова е климатска вонредна состојба што сега се случува. Совршена бура, рече гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Во таа земја, 68 илјади луѓе мораа да бидат евакуирани, а повеќе од 3.900 куќи и други згради беа изгорени во изминатите три недели, колку што траат пожарите. Десетици илјади пожарникари се обидуваат да изгаснат 28 големи пожари низ Калифорнија.

Белата куќа, во меѓувреме, објави дека претседателот Доналд Трамп утре ќе ја посети Калифорнија и ќе се сретне со локални и федерални претставници.

По неколку дена екстремно високи температури и силни ветрови, на пожарникарите малку надеж им даде поблагиот ветер од Пацификот, па се надеваат дека ќе можат да контролираат дел од пожарот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...