11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Транспаренси укажува дека Владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ

Според  извештајот на „Транспаренси интернешнел“ објавен на петти август Македонија нема антикорупциски мерки за помошта која ја доби од ММФ за справување со КОВИД-19 кризата.

Македонија е една од 21 држави кои не навеле никакви конкретни антикорупциски мерки и мерки за транспарентност во договорите со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за финансиска помош за справување со последиците од КОВИД-19, наведува „Транспаренси интернешнел“ во анализата на кризните фондови на ММФ. Според „Транспаренси“, Македонија во моментов за справување со последиците од пандемијата користи 191 милион долари од ММФ, од кои 176 се добиени во април преку Инструментот за брзо финансирање.

Според „Транспаренси“, ММФ со 126 договори доделил повеќе од 83 милијарди долари од фондот од еден трилион долари.

„Најдовме вкупно 47 договори за финансирање без ниедна владина заложба за употреба на фондовите на транспарентен начин. Загрижувачки, во оваа категорија е Северна Македонија. Пред помалку од три месеци, самиот ММФ ја нагласи својата загриженост за владеењето во земјата, а сепак беше одобрен заем без јасна владина заложба за надминување на проблемите“, нагласува „Транспаренси“ во анализата.

Нагласувајќи ја загриженоста што ММФ ја изразил за Македонија, „Транспаренси“ го цитира истиот извештај што, иронично, во април Народната банка на Македонија го цитираше за да нагласи дека банкарскиот систем е стабилен.

Без пропишани мерки, Македонија е во група земји со Мадагаскар, Јемен, Гвинеја Бисао, Буркина Фасо, Чиле, Костарика и Ел Салвадор, но и со сите земји од регионот кои добиле таква помош од ММФ – Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, а Црна Гора е единствената држава која во договорот навела конкретни мерки за поголема транспарентност и спречување на корупцијата во трошењето на парите од помошта.

„Земјите нема да успеат во своите напори за закрепнување ако истовремено не се справуваат со корупцијата… мора да бидеме сигурни дека критичната помош ќе стаса до оние на кои им е најпотребна. Со еден трилион долари на располагање и со толку многу животи доведени во прашање, сега е поважно од кога било ММФ да обезбеди корупцијата да не однесе дополнителни човечки животи“, порачува „Транспаренси“.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести