Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Бараше најстроги казни за 27ми април, сега стана главен адут на Мицкоски

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не се исклучува можноста да биде назначен на некоја од раководните функции во Вмро Дпмне.

Восилав Зафировски во јавноста е познат од 2013 година кога по голем скандал беше разрешен од собраниската комисија за избори и именување од позицијата член на Антикорупциска комисија бидејќи ја злоупотребил службената положба и овластувањата.

Членовите на Вмро Дпмне и добар дел од јавноста го паметат и по гостувањето во емисијата “Код” на телевизија Телма, кога во својство на бивш началник во внатрешна контрола отворено побара да се казнат полицајците и раководните структури во МВР за настаните од 27ми април, а за останите кажа дека треба да одговараат за тероризам.

Воислав Зафировски е бивш советник во МВР и Владата на Сдсм од периодот 2002-2006 година и портпарол на МВР во периодот 2002-2003 година.

На социјалните мрежи веќе покажуваат разочарување членовите на Вмро Дпмне и искажуваат револт од одлуката на Мицкоски за ветување на раководни позиции на луѓе кои се преселиле од друга партија и имаат сериозен багаж позади себе.

најчитани вести

Македонија

Соопштение на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ Предмет: Одговор на прашањето на Александар Николовски упатено на гостувањето на Канал 5 Лидерот на...

Македонија

Денес на Твитер се појави документ кој укажува дека Петар Ристески пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е стар член на СДСМ. Засега тој ниту...

Свет

Американката Џенифер Олајире-Аро (27), наставничка по математика во средно училиште во Јужна Каролина, е уапсена за закани, психофизичко малтретирање и принудување на ученик (17)...

Забава

Сосема е непотребно да се објасни зошто пост-апокалиптичните филмови, особено оние што зборуваат за големи инфекции, пандемии и болести, доживеале пораст на популарноста на...