30.8 C
Skopje
среда, септември 20, 2023

Поднел барање за РАЗВОД НА 99 ГОДИНИ. А причината – класика

Претседателот и основач на Италијанската академија за брачни адвокати, Џан Еторе Гасани, навел неколку причини и разни случаи за развод. Тој истакна дека луѓето обично се одлучуваат на тој чекор на возраст од 50 до 60 години. Сепак, тој спомна и еден исклучок – развод што го побарал 99-годишен старец. 

Антонио, сега 99, и неговата три години помлада сопруга Роза, се венчале во нивните триесетти години од минатиот век. Љубовта на парот траела сè додека не ги открил писмата на Роза во кои дознал дека неговата сакана го изневерила. Иако измамата се случи пред 60 години, Антонио не можеше да и прости. 

 По повеќе од 70 години брак, пет деца, десетина внуци и едно правнуче, Антонио реши да поднесе барање за развод. „Секогаш има некои случаи што не сме ги виделе досега, луѓето постари од дури 80 години бараат развод за да можат да започнат нов живот“, рече италијанскиот адвокат. 

 Антонио и Роза станаа најстарата брачна двојка што некогаш поднела барање за развод. Пред нив, рекордот го држеше пар од Велика Британија. 

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img