Поранешниот македонски репрезентативец, леонард Жута, утрово и официјално е преставен како ново засилување на италијанскиот второлигаш Лече.
Тимот кој не успеа да се спаси од испаѓање од Серија А минатата сезона, во очекување на почетокот на новата успеа да го договори трансферот на Жута, кој пред извесно време се врати во Шведска и заигра за екипата на Хакен.
Левиот бек веќе ги поминал лекарски прегледи и ставил потпис на двегодишен договор со опција за продолжување за уште една година.