Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДУИ добива пет заменици министри и пет државни секретари

Со коалицискиот партнер СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места. Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече на денешната прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања. Додаде дека се друго се шпекулации, во моментов.

Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците министри и државните скретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство или вкупно пет.

-Ќе има и пет државни секретари. Државниот секретар во министерството кое јас го раководам веќе е во процедура да почне со работа. Државниот секретар во Министерството за култура веќе е назначен од министерката за култура и другите тројца верувам дека ќе се назначат во текот на следната недела, рече Груби. Посочи дека ќе се комплетира целиот владин кабинет и ќе можат да функционираат потполно иако додаде дека и денес со овој состав функционираат одлично.

Груби смета дека сите имиња ќе бидат објавени утре, задутре или пак во наредните денови.

-Тоа што ги читав по електринските медиуми во изминитите денови се невистинити. Директорските места не се поделени. Ние имавме размена на пет директорски места со пет други директорски места, појасни Груби. Додаде дека станува збор за размена на управителите на претпријатијата со цел да се направи „освежување“ на овие директорски места, со нови идеи кои ќе дадат подобри резултати.

Груби вели дека имињата се уште не се знаат, но ќе бидат соопштени преку претставници на нивната партија, а не преку социјалните мрежи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.