Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Трамп очекува НЕМИРИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ?

Ако избувнат демонстрации и нереди по претседателските избори на 3 ноември при потенцијална победа на Доналд Трамп, тие ќе бидат „многу брзо задушени“, изјави денеска американскиот претседател во интервју за Фокс Њуз.

Изјавата беше дадена во одговор на прашањето на водителката на телевизијата, Џанин Пиро, каква ќе биде реакцијата на властите ако избирачите искажат незадоволство или протестираат поради резултатите од гласањето.

Ако тие тоа го направат, ќе ги потиснеме мошне бргу. Имаме право така да постапиме. Имаме моќ, ако одлучиме, да го направиме тоа . Слушајте, тоа се нарекува востание… Тоа е многу лесно, изајви Трамп.
За време на посетата на Кеноша, Висконсин пред десттина дена, нередите и протестите кои се случуваат во САД изминативе неколку месеци Трамп ги нарече „антиамерикански“.

Пред тоа, за време на протести во центарот на Вашингтон, припадници на Националната гарда употребија гумени куршуми и светлечки гранати за да ги истисне протестирачите од плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа

Исто така, Трамп неодамна вети дека ќе ја укине федралната помош за градовите во кои има постојани немири и демонстрации.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...